Со огромна возбуда и задоволство би сакале да Ве известиме дека компанијата Евроинженеринг како инвеститор на една од најголемите инвестиции во градот Битола, започна со изградба на мултифунционалниот комплекс Park Centar! Новиот станбен комплекс, кој се наоѓа во срцето на градот, ќе обезбеди удобен и модерен начин на живеење на локалните жители.
Компанијата Евроинженеринг има 30 годишно искуство во областа на градежната индустрија и има богато портфолио од успешно завршени проекти. Со станбениот комплекс и шопинг центарот, компанијата има за цел да ја трансформира урбаната средина на Битола, да обезбеди нови работни места и да допринесе за развој на градот!
Овој проект е резултат на нашата долгогодишна работа, посветеност и стремеж да обезбедиме подобар квалитет на живот на нашите сограѓани. Станува збор за иновативен, модерен и урбан проект, наменет да задоволи најразлични потреби и очекувања. Најдобрите инженери, архитекти и дизајнери се вклучени во овој проект, со цел да создадат станбен комплекс и Shopping Center што ќе го задржат духот и убавината на нашиот град, но и ќе допринесат за современ начин на живеење кој Вие го заслужувате!
Нашата мисија не е само да градиме, туку и да ги менуваме животите на луѓето. Нашата стремеж е да ги надминеме вашите очекувања и да ви ги прикажеме новите можности што ги носи овој проект. Веруваме дека ќе бидете воодушевени од модерниот дизајн, урбаната атмосфера и динамичната околина во која се наоѓа овој комплекс.
Нашиот тим е полн со ентузијазам и работи напорно за да го заврши проектот во предвидениот рок за градба и да ги исполни вашите очекувања. Ние ќе ве информираме за секој напредок на овој мултифункционален комплекс. За таа цел следете не на друштвените мрежи Facebook и Instagram и нашата веб-страна www.parkcentar.mk. Ви благодариме на довербата и поддршката која ни ја пружате изминативе години!
Започнува нова ера во Битола, а ние сме воодушевени што имаме можност да бидеме дел од оваа приказна! Нека овој станбен комплекс и Shopping Center бидат симбол на раст и промена и место каде граѓаните на Битола ќе градат незаборавни моменти со семејството и пријателите!